80 години по војната – Сеќавајќи се на минатото, градиме иднина


Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, се одржа значаен симпозиум посветен на историјата, антисемитизмот и иднината на еврејските заедници.

Во првиот дел од вчерашниот симпозиум се зборуваше на тема:

„Лекции од минатото – Обврска за иднината“

 Модератор: Рашела Мизрахи | Рашела Мизрахи – Пратеник во Собранието на РС Македонија, поранешен министер за труд и социјална политика

Учесници:

Ѓорге Иванов | Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија (2009-2019)

Рабин Ендру Бејкер - Директор за меѓународни еврејски прашања при Американскиот еврејски комитет, личен претставник на претседавачот со ОБСЕ за борба против антисемитизмот, претседавач со меѓународниот советодавен одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Ј. Д. Бинденагел - Амбасадор на САД во пензија, Хенри Кисинџер, почесен професор Универзитет во Бон, член на меѓународниот советодавен одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Едвард Серота - Директор на Центропа, Австрија, член на меѓународниот советодавен одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Во панел-дискусијата беа отворени клучни прашања:

Што се тоа Евреи, што е антисемитизам и од каде потекнува?

 Дали се уништени затскриените искри на анти-семитизам, па и нацизам и со кои механизми се справуваме до денес?

 Има ли иднина за Евреите вон Израел? Дали нашиот обид да останеме во државите каде со векови сме живееле е само привид затскриен позади насловот “Лекции од Холокаустот”?

 Оваа дискусија потсетува на нашата обврска – да учиме од минатото и да градиме подобра иднина.

 Премиерот Христијан Мицкоски на симпозиумот нагласи дека #Холокаустот е траума која не ја одмина ниту Македонија, со над 7.000 депортирани македонски Евреи.

„Сеќавањето не е само почит кон жртвите, туку и обврска за зачувување на вистината и спротивставување на заборавот, со порака дека #НикогашПовеќе мора да остане залог за иднината.“

Маноjил Мане Јаковлевски, потпретседател на Управниот одбор на ФХЕМ, го отвори симпозиумот со моќна порака:„Нашата обврска е да ја пренесеме вистината на идните генерации и да апелираме: вакви трагедии никогаш повеќе. Клучот за подобра иднина е почитување, дијалог, правда и соживот.“

Вториот дел од вчерашниот симпозиум кој се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, беше посветен на иднината и се зборуваше на темата "Наредните 80 години - Градење на иднина втемелена во мир и правда".

Овој панел беше организиран од страна на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Алумни Асоцијацијата на Иванов школата за Млади лидери, а на дискусија се собраа младите лидери за заедно да го истражат нивното влијание во создавањето на фер и инклузивно општество.

Во модерација на Претседателката на ISLLA - Анастасија Илиевска, учествуваа панелистите: Данило Крстовски - Координатор на одделот за право и политика на ISLAA, Марко Златковиќ - Член на ISLAA, Лора Денковска - Член на ISLAA, Ребека Костовска - Претседател на младите при Еврејската заедница во Македонија и Калина Марковска - Претседател на подмладокот при Еврејската заедница. Дискусијата ја нагласи моќта на младинскиот активизам, креирањето политики и меѓународната соработка во обликувањето на иднината.

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN