Промоција на книга од Леа Коен
„Спасувањето, прогонот и холокаустот во Царството Бугарија (1940-1944)” „ е книга за вистината, и во неа не постои никаква емоционална пристрасност.“ – истакна проф. д-р Тодор Чепреганов, член на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, на промоцијата на новото дело на бугарската писателка Леа Коен.
Авторката преку прецизни и објективни историски факти од над 200 извори, дава длабок увид во еден од најмрачните периоди на европската историја.
Промоцијата се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, како дел од Комеморативната програма во Скопје.
Леа Коен е бугарска писателка, музиколог и дипломат, која во 90-тите години била амбасадор на Бугарија во ЕУ, Белгија, Луксембург и НАТО.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација