Комеморација во Штип за 535 убиени Евреи од овој град
Во Штип се одаде почит на 535 депортитрани и убиени Евреи од оваа Општина, во центарот за убивање Треблинка, окупирана Полска. По поворката на живите, на споменикот на депортираните Евреи во Штип положија цвеќе владина делегација составена од Министерот за локална самоуправа - Златко Перински, Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади - Ѓоко Велковски и Државниот секретар во министерството за правда - Дајанчо Ефтимов, пратениците во Собранието на Македонија - Душко Иванов и Благој Бочварски, Петра Декслер - Амбасадорка на Германија, Оливера Трајковска - Претседателка на Комисија со верски заедници, претставници на ОБСЕ, на Еврејската заедница од Нови Сад, Сојузот на борци, претставници од Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
"Денес им одаваме почит на 535 штипски Евреи депортирани и убиени во центарот за убивање Треблинка, вчера одадовме почит на битолските Евреи, а утре ќе им одадеме почит на заедничка комеморација на сите македонски Евреи, во Скопје. Македонија со голем пиетет се потсеќа на депортираните 7.144 Евреи од Битола, Штип и Скопје" - изјави Пепо Леви, Претседател на Еврејската заедница во Македонија.
Во свечената сала на Општина Штип имаше комеморативна programa каде се обрати и градоначалникот Јорданов. "Го одбележуваме датумот кога Евреите од Штип биле депортирани во центарот за убивање Треблинка, датум којшто никогаш не треба да се заборави, но и да ни биде поука за во иднина да имаме повеќе толеранција, соживот и да градиме едно заедничко општество без разлика на етничка, верска или било која припадност за сите" - Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација