Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија семинар за наставници по историја од Грција и нашава земја
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот во Париз (Memorial de la Shoah) во соработка со Министерството за образование и религија од Грција, од 13 до 15 декември организираат едукативен семинар со наслов "The Holocaust as a starting point: Comparing and Sharing III" . Семинарот е наменет за професори по историја од основни и средни училишта, а учествуваат 20 професори од Грција и 20 од нашава земја. На отворањето поздравен збор имаа Амбасадорот Јован Теговски- национален координатор на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA), Амбасадорот на Франција во РМ Кристиан Тимоние, Горан Садикаријо - извршен директор на Меморијлниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Бруно Бојер од Memorial de la Shoah. На присутните им се обрати и амбасадорот на Грција во РМ, Димитрис Јанакакис истакнувајќи го значењето на ваквите обуки и соработката на двете земји, како и неопходноста од едукацијата за холокаустот. Првиот ден од семинарот, професорите од двете земји имаа можност низ историски фотографии да научат како полесно да ја приближат темата „Холокауст “ до учениците и да слушнат нешто повеќе за последиците од Втората светска војна во Европа. На крај од првиот работен ден сите учесници ја посетија Еврејската заедница и синагогата „Бет Јаков“ во Скопје.
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација