Цена: 250,00 ден
Автор: Лоис Лаури
Издавач: Фонд на холокаусот на Евреите од Македонија и Арс Ламина
Година на издавање: 2020
ISBN: 978-608-259-765-2
Jазик: македонски
Број на страни: 112
„Колку си храбра, малечка Анемари?“
Годината е 1943, а за Анемари Јохансен, животот во Копенхаген е сложена смеса од обичното домашно и училишно секојдневие, недостигот од храна и постојаното присуство на нацистички војници на улиците. Храброста се чини како нејасна доблест, што ја поседуваат витези што убиваат змејови во приказните што ù ги раскажува на помалата сестра, Кирсти.
Додека германските трупи ја почнуваат мисијата за „релоцирање“ на сите Евреи од Данска, семејството Јохансен ја згрижува најдобрата другарка на Анемари, Елен Росен, претставувајќи ја како дел од семејството. Девојчињата живеат како сестри, сè додека не стане јасно дека треба да се стори нешто повеќе за да се спасат Елен, нејзиното семејство и сите Евреи од Данска.
Во оваа приказна за хероизмот на една цела држава, нарацијата за данскиот отпор и нивниот план да го прошверцува целото еврејско население од Данска – речиси седум илјади луѓе – преку море до Шведска е раскажана со гордост и со надеж низ очите на едно мало девојче.
Достава на пакет до 1 кгр со ДДВ ќе ве чини 120 ден. Плаќањето е при прием на пратката.
За повеќе информации контактирајте не’ на телефонскиот број +389 75 259 384
или на емаил info@holocaustfund.org.mk
Сподели: << Назад
Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.
Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација